Манифестацијата „Танцот на полуматурантите” по втор пат ги обедини ученицитe од 11 основни училишта кои се наоѓаат на територија на општина Гази Баба. На плоштадот во скопска Автокоманда, над 600 основни играа во еден ритам и со тоа на симболичен начин заедно ставија крај на основното образование и учебната година под мотото „Од полуматура до танц култура”. Претходно, парадираа од улица “16 Македонска бригада” во населбата Железара па се до плоштадот во Автокоманда.
Годината настанот имаше и инклузивен карактер бидејќи учествуваат ученицте од посебното основно училиште Иднина. „Танцот на полуматурантите” за прв пат се одржа лани, на иницијатива на студиото за танц Еурека, чии тренери ги обучија учениците како да го изведат завршниот танц, со поддршка на општина Гази Баба.