Ганџа , вториот град по големина на Азербејџан, вчера беше награден со титулата Европски младински град за 2016 година, соопшти Европскиот младински форум.
Европскиот младински форум ја додели наградата врз основа на барање од Ганџа, кое се фокусираше на силно локално и европско младинско учество и посветеност кон работата на човековите права.
Претседателот на Европскиот младински форум, Петар Матјашич и честиташе на Ганџа за нивниот силен, разновиден и детален предлог и нивната посветеност да се справат со прашања како што се младинско учество , образование, социјална инклузија, вработување и волонтирање.
„Поврзувањето” ќе биде клучна тема за Европскиот младински град во 2016 година. Програмата има за цел да ја промовира прекуграничната соработка и да ги собере политика, истражувањето и праксата за младите луѓе на едно место.
Азербејџанската влада и локалните младински организации се решени да работат во тесна соработка со младите луѓе, посебно обрнувајќи внимание на маргинализираните млади.
Ганџа го освои ова место над понудите на ривалите од Вилнус (Литванија), Варна (Бугарија), Галвеј (Ирска), Ла Лагуна (Шпанија) и Бадахоз (Шпанија).
Церемонијата на доделувањето се одржа за време на Советот на Европскиот младински форум на членови во Солун, кој станува Европски младински град во 2014 година.
Првиот Европски Младински град беше Ротердам ( Холандија ) во 2009 година, по што следеше Торино (Италија ) во 2010 година, Антверп (Белгија) во 2011 година, Брага (Португалија) во 2012 година, Марибор (Словенија) во 2013 година, по што следат Солун (Грција) во 2014 година и Клуж Напока (Романија) во 2015 година.