Приказната на Google започнала во мала гаража кој и денеска може лесно да се најде, особено ако користите Google Maps.
На нешто над километар од автопатот 101, кој го поврзува Сан Франциско со остатокот на Силиконската долина, се наоѓа мирно маало, веднаш до кампусот на универзитетот Стенфорд. Во Менло парк, во гаражата на Susan Wojcicki, Larry Page и Sergey Brin го основаа Google.
Двајцата ја поминале зимата 1998 во сега славната гаража, градејќи технолошка компанија која ќе го редефинира интернетот. Google сега ја поседува куќата, во која не живее никој, но таа служи како потсетник на почетоците на гигантот.
За да го одбележи 15-от роденден на Google, порталот Mashable направи галерија од фотографии од просторот на кој е создадена компанијата:
Извор: Mashable