Британскиот весник „Гардијан“ го отпушти својот карикатурист Стив Бел по повеќе од 40 години работа поради „антисемитска карикатура“ на Бенјамин Нетанјаху, пренесува Н1.
Бел рече дека бил отпуштен од весникот „Гардијан“ поради карикатура што беше оценета за антисемитска.
„Ми беше кажано дека повеќе не се подготвени да ги објавуваат моите дела по карикатурата на Бенјамин Нетанјаху“, изјави Бел за британските медиуми.
На карикатурата се гледа Нетанјаху со боксерски ракавици и скалпел над голиот стомак додека прави засек во форма на Појасот Газа, со натпис „Жители на Газа, излезете веднаш“.
Media coverage: “The Guardian has sacked its own cartoonist Steve Bell who had worked at the paper for over 40 years over a cartoon of Benjamin Netanyahu, which the British daily has labeled an as anti-Semitic.” pic.twitter.com/JLLwDvBBhO
— Quds News Network (@QudsNen) October 16, 2023
Бел ги отфрли критиките како неосновани.
Портпаролот на „Гардијан“ потврди дека весникот нема да го продолжи договорот со Бел.