Гасеница која јаде пластика може да го намали загадувањето со ѓубре

Гасеница која се храни со пластични ќеси може да биде клучот за справување со загадувањето со пластика, тврдат научници.

Истражувачи од Универзитетот Кембриџ открија дека ларвите од молец, кои го јадат восокот во пчелините гнезда, можат и да ја разложуваат пластиката.

Експериментите покажуваат дека инсектот може да ги разбие врските на пластиката, на сличен начин на кој го варат и пчелиниот восок.

Секоја година, околу 80 милионни тони на пластичен полиетилен се произведуваат низ светот. Пластиката се користи за правење на ќеси за пазарување и амбалажа за храна, меѓу другото, но потребни се неколку стотици години за сосема да се разложи.

Сепак, гасениците на молецот (Galleria mellonella) можат да направат дупка во пластична ќеса за помалку од еден час.

Д-р Паоло Бомбели, биохемичар на Универзитетот Кембриџ и еден од истражувачите, вели: „Гасеницата ќе биде стартната точка. Треба да ги разбереме деталите врз основа на кои се случува овој процес. Се надеваме дека ќе обезбедиме техничко решение за намалување на проблемот со пластичниот отпад“.

Бомбели и неговата колешка, д-р Федерика Берточини од Шпанскиот национален совет за истражувања, го патентираа откритието. Тие сакаат да го забрзаат процесот на откривање на хемиските тајни зад природното разложување на пластиката.

Тие мислат дека микробите во гасеницата, како и самиот инсект, може да одиграат важна улога во разложувањето на штетната пластика.

Ако може да се идентификува хемискиот процес, тоа би можело да доведе до решение за справување со пластичниот отпад во околината.

 

„Планираме да го имплементираме ова откритие во корисен начин да се ослободиме од пластичниот отпад, работејќи кон решение да ги спасиме нашите океани, реки и целата околина, од неизбежните последици на акумулацијата на пластика“, вели Берточини.

„Сепак, не мислиме дека е прифатливо да фрламе полиетилен свесно во нашата околина, само затоа што сега знаеме како да го разложиме по природен пат“, додава таа.

Истражувањето е објавено во весникот Current Biology.