„Инстаграм“ го менува начинот на кој ја претставува содржината, откако платформата беше обвинета за потиснување на про-палестинските пораки за време на скорешниот немир во Газа, пренесува „БиБиСи“.
Од компанијата велат дека самиот алгоритам на апликацијата се фокусира на оригинална содржина што е споделена во вид на „stories“, наместо алгоритамот да биде еднаков и за „Инстаграм“ објавите кои се ре-споделуваат преку опцијата, но отсега и двата вида на содржина ќе добиваат еднаков третман.
Од „Инстаграм“ изјавиле дека едностраното известување било ненамерно, а не умислена цензура.
Многу про-палестински пораки беа меѓу најсподелуваните објави, но под моменталниот систем тие добивале многу помала видливост.
Портпарол на компанијата изјавил дека логиката зад приотитетноста на објавите е дека корисниците отвораат многу повеќе содржина отколку што имаат време да ја прочитаат, дополнувајќи дека корисниците се повеќе заинтересирани за објавите на нивните најблиски пријатели.
„Ова ги натера луѓето да помислат дека ние се обидуваме да потиснеме објави на одредени теми или перспективи. Ние сакаме да сме многу јасни – тоа не се случува. Луѓето ги гледаат објавите ре-споделени во опцијата „stories“ но не ги отвораат, без разлика на каква тема се објавите“.
„Инстаграм“ забележува раст кај корисниците кои споделуваат објави во „stories“, нагласиле до платформата од каде признаваат дека објавите не го постигнуваат посакуваниот опсег кој корисниците го очекуваат, додавајќи дека „Инстаграм“ не сака да нуди такво искуство.
Портпаролот исто така додал дека овој проблем е познат на компанијата подолго време, па промената на алгоритамот не е реакција за скорешното обвинение.
„Базфид“ пренесе за внатрешни несогласувања бидејќи про-палестинската содржина најчесто била затскрена зад предупредувања за вознемирувачка содржина, додека медиумот „Фајненшл тајмс“ известил за 50 вработени кои искажале загриженост поради обвинувањето за потиснување на про-палестинската содржина.
Се смета дека многу од проблемите се појавиле поради обемна автоматизирана модерација, отколку умислени обиди на индивидуалци за цензурирање на содржината.
Од „Инстаграм“ истакнале дека новата промена ќе се воведува во неколку фази.
„Сметаме дека луѓето повеќе следат оригинални „stories“ па бараме начини за тоа како со какви алатки да ја збогатиме опцијата“, изјавиле од компанијата.