Гејминг настан на 24 август во „База42“

Јапан@мк организира гејминг настан во стилот на јапонската гејмерска култура и подготвуваат „еклектично гејмерско доживување“ на 24 август во „База42“.

„Првпат кај нас ќе гледаме спидран во живо и тоа на две тешки souls игри „Dark souls 1“ и „Sekiro: Shadows die twice“ со нашите спидранери Тод и Purple Empress“, најавуваат организаторите.

Понатаму, присутните ќе можат да ги слушнат креаторите на играта „Скопје ’83“ кои ќе раскажат за животот како гејм дизајнер преку својата приказна за креирањето на оваа игра во последните 7 години, а ќе можат и да го пробаат демото на играта.

„Нашите пријатели ‘Гоблин’ ќе промовираат нови игри за забава кои ќе можe да ги играме заедно, а оние расположени за гејмање ќе се забавуваат со Нинтендо свич игри“, истакнуваат од Јапан@мк.

Исто така, ќе има и катче за размена на колекционерски производи како постери, маички, играчки, фигури, манга и слично. А, уметницата, гејмерка и колекционерка Софија Шахпаска ќе ги презентира нејзините гејм концепт дизајни, колекционерски производи и ќе подготви специјални принтови, стикери, 3д принтани фигури и приврзоци.

„Натпревар во фудбалче во парови ќе водат претставници на подмладокот на Јапан@мк, а наградата за победниците е на Гоблин – друштвени игри. Линк до пријавата ќе имате на стори и во линктри“, информираат тие.

Ќе има и квиз за најголемите гејмери „Погоди ја играта“ со идентификување на локации од различни игри.

„На овој гејминг ден ќе се освежуваме со гејмерски коктели подготвени од Шортбас и Платформ 0.10, каде што ќе завршиме на афтер. Детали подоцна“, додаваат оттаму.

Ќе имате шанса да си набавите производи од Dolly’s Croshet Shop и Funkogram.

Настанот е поддржан од „База42“ и „Quinshift academy“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by japan@mk (@japan.net.mk)