Германската канцеларка Ангела Меркел соопшти дека на германските државјани кои не се вакцинирани нема да им биде дозволено купување во продавници кои не продаваат основи продукти, но и посета на културните, односно, локалите за забава. „Индипендент“ пренесува дека парламентот дополнително размислува и за генерален вакцинален рок, како дел од обидите да се намалат инфекциите од коронавирусот.
Во обраќање по средбата со државните и федералните лидери, Меркел изјави дека ваквите мерки се неопходни поради грижата дека германските болници ќе се преполнат со пациенти кои се борат со коронавирусот.
„Ситуацијата во нашата земја е многу сериозна“, изјави Меркел, нарекувајќи ја мерката „акт на национална солидарност“.
Денеска, во Германија се регистрирани 73,209 нови случаи на КОВИД-19. Институтот „Роберт Кох“, пријавил 388 смртни случаи од вирусот, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата во Германија е 102,178.
Околу 68.7 отсто од германското население е комплетно вакцинирано, но овој број е далеку понизок од државната цел која изнесува 75 отсто. Меркел додала дека лидерите се согласиле и за враќање на носењето на маските во училиштата, а ќе се воведат и нови мерки за групирање. Германија цели кон 30 милиони вакцинации до крајот на годината.