Германската сојузна министерка за семејство Франциска Гифеј поднесе оставка поради обвинувањата дека нејзината докторска дисертација е плагијат, пренесува „Н1“.
Сојузното министерство за семејство потврди дека министерката Гифеј ја соопштила својата одлука на седницата на Владата утрово. Таа ја образложи својата одлука со расправа за нејзиниот докторат.
Очигледно е дека Слободниот универзитет во Берлин има намера да и ја одземе докторската титула, за што веќе пишуваше тамошниот неделник „Фокус“.
Сомнежите дека за нејзината докторска дисертација е плагијат се појавија во февруари 2019 година. Во ноември минатата година пак, таа објави дека веќе нема да ја има титулата која ја добила во 2010 година.
Гифеј од 2018 година беше сојузна министерка за семејство. Од ноември минатата година е претседателка на Социјалдемократската партија во Берлин.