Германска зоолошка градина направила список од животни кои први ќе бидат жртвувани поради немање на сретства за храна поради кризата со коронавирусот.
„Neumünster Zoo“, која е лоцирана северно од Хамбург, предупредила дека ќе биде присилена да ја воведе мерката за да спречи животните да умираат од глад.
„Направивме листа од животните кои ќе жртвуваме најпрво“, истакнала Верена Каспари, директорката на зоолошката за „Ди Велт“.
Директорката додала дека оваа непријатна одлука ќе биде преземена како последна мерка, велејќи дека таа попрво би ги еутанизирала животните отколку да гледа како умираат од глад.
Каспари предвидела дека нејзината зоолошка градина би изгубила околу 171.795 евра заработка оваа пролет.
Зоолошката припаѓала на асоцијација на која не и следува државен финансиски надоместок за мали бизниси.
Според медиумската агенција „ДПА“, германските зоолошки бараат од државата финанскиска помош од 100 милиони евра.
Јорг Јунхолд, претседател на Германската зоолошка асоцијација, истакнл дека просечната германска зоолошка неделно губи околу половина милион евра во приходи, додавајќи дека овие институтици не можат да ја намалат нивната потрошувачка бидејќи мораат да ги исхрануваат животните.
Некои од зоолошките дозволуваат онлајн набљудување на животните.
Извор: Independent