Германскиот диџеј Boys Noize вчера организираше свирка на тротоар во Берлин, но набрзо беше прекината од полицијата, бидејќи ваквите свирки се забранети без официјална дозвола.
Noize пристигнал со камион полн со опрема и започнал да пушта електро и техно музика. На својот Twitter профил тој објави фотографија од себеси спремен да започне со свирката под која најави дека ќе свири додека не дојде полицијата.
#BERLIN !! Today i m going to put Up a Big Soundsystem on the streets and play some dirty tunes till the Police comes 📢😝
— Boys Noize (@boysnoize) July 8, 2015
И покрај тоа што полициските службеници набрзо пристигнале и ја прекинале забавата, некои од присутните успеале да ја доловат атмосферата од свирката.
riot rave @adidasoriginals at torstrasse #berlin with @boysnoize #tubular #fashionweek
A video posted by HOUSEMEISTER (@housemeister_berlin) on