Илјадници авиолетови од и до Германија се откажаа во петокот, откако работниците излегоа на штрајк со цел да се исполнат нивните барања за повисока плата поради инфлацијата.
„Euronews“ пишува дека во штрајк се работници од седум германски аеродроми, меѓукои аеродромите во Франкфурт, Минхен и Хамбург, што погоди околу 300.000 патници и 2.300 летови.
Кристин Бел од работничкиот синдикат „Верди“ изјавила дека пропаднатиот обид за зголемување на платите може да резултира со „хаотично лето“ за германските аеродроми.
Синдикатот бара зголемување од 10.5%, односно раст на платите во висина од 500 евра за да не се чувствува високата инфлација која е предизвикана од руската инвазија врз Украина.
Председателот на синдикатот, Франк Вернеке изјавил дека членовите на синдикатот се подготвени и на поголеми штрајковси.
Тој посочил дека неодамнешните штрајкови на работниците во аеродромите, јавниот транспорт и градинките, може да се прошират и кај болниците и јавните претпријатија за чистење на сметот.