Германците пратеници изгласаа легализација на истополови бракови, придружувајќи им се на многу други западни демократии во овозможување на геј и лезбиските парови целосни права, вклучително и посвојување.
Норберт Ламерт, претседател на Парламентот, рече дека 393 пратеници гласале „за“, додека „против“ биле 226, а четворица воздржани.
Канцеларката Ангела Меркел изјави дека гласала „против“ бидејќи таа верува дека бракот е за маж и жена, и дека изборот е личен, но рече дека се надева оти резултатот од гласањето ќе води кон поголем социјален мир.
Нацрт-законот беше предлог на левичарските ривали на канцеларката Меркел. Долниот дом го одобри законот во петокот, часови пред Бундестагот да ја започне летната пауза.
Во текот на гласањето, геј луѓето се радуваа на поттикот за еднаквост во браковите во Германија, каде граѓанските партнерства беа легализирани во 2001 година.
„Ова е вистинско признавање, така што ги стоплува срцата“, рече 46-годишниот француски инженер Кристоф Тету, кој живее во Берлин со својот партнер Тимо Стробел.
„Размислуваме да направиме забава, да се венчаме и да ги користиме нашите нови права да ја штитиме нашата врска“.
Законот треба да стапи во сила до крајот на годината.