Гетинген стана првиот германски град кој дозволи топлес капачи во јавните базени за време на викенди. „Еуроњуз“ пренесува дека одлуката на градскиот совет ќе стапи на сила од 1 мај до крајот на август.
Одлуката се смета за чекор напред во борбата за родова еднаквост, преку која сите родови ќе бидат во можност да ги користат јавните базени за топлес рекреација.
Одлуката е резултат на минатогодишен инцидент кога пливач бил исфрлен од јавниот базен бидејќи одбил да ги покрие градите.
Градскиот совет на Гетинген одлучил топлес капачите да се рекреираат само преку викенди бидејќи за време на работната недела, базените се користат за лекции по пливање од локалните училишта