Фестивалот посветен на гифовите GIFEST оваа сабота (4 јули) ќе се одржи во Concept 37, со почеток во 20 часот.
Како што најавуваат организаторите, настанот ќе биде отворен со кратко предавање за гифови и специјален видео мапинг на сите креации кои учествуваа на овогодинешниот GIFEST. Со GIFEST во Скопје доаѓаат неговиот основач и организатор Мирјана Шормаз Митриќ од Суботица, како и првиот победник на GIFEST Адријан Каравдиќ од Виена.
Во рамките на фестивалот тие во недела ќе одржат и работилница за гифови, во Concept 37 со почеток од 11 часот. На неа може да учествуваат сите оние кои што сакаат да создаваат гифови, а пријавувањето се врши со порака до Concept 37.