Група активисти од иницијативата „Да ја заштитиме река Радика“ со поддршка на група уметници изминативе денови изработија гигантски симбол во облик на костур од риба во знак на протест поради идеите и плановите за изградба на браната Луково поле. Како што пишува активистот Никола Писарев на својот блог, самиот симбол кој претствува своевиден ленд арт кој е лоциран во непосредна близина на месноста Мелничкиот мост преку Дебарското езеро, кој сега заради екстремно нискиот водостој на езерото всушност ги премостува Радика и сувото корито на езерото.
Иако во овој период на годината Дебарското езеро најчесто има низок водостој, екстремно нискиот водостој годинава за еколозите и претставниците на иницијативата Радика е потврда дека во Реката Радика нема доволно вода за да се изгради брана од која водата би се делела во два слива. Тие стравуват дека доколку се изгради новата брана и се остварат плановите на владата и ЕЛЕМ водите од Радика кои со милениуми течат кон Дебар и Дрим, вештачки да бидат пренасочени кон Вардар, реката Радика со тек на времето се повеќе ќе се намалува за на крајот да исчезне и остане само колектор на канализациите од селта во реканскиот крај.
Активистите со оваа акција сакаат да го свртат вниманитето на јавноста особено на онаа меѓународната која има важна улога во одобрувањето на средствата и плановите за изградба на браната Луково поле за опасностите по биодиверзитетот и по локалното население од Дебарско и Река кои со себе ги носи изградбта на браната.
Симболот во вид на стилииран костур на риба под кој е изпишана пораката „Спасете ја Радика“ е долг 12 метри, широк 2.5 метри, а во него се употребени нешто повеќе од 2 метри куби камен.
Извор: Блог на Никола Писарев