„Girls Who Code“ – им помага на девојките да станат програмерки

Џасмин Фернандез има 18 години, сака роботи, и e една од девојките чии живот е променет од Girls Who Code програмата во Facebook. Таа секое утро со автобус патува од Оукленд до Силициумската долина, но уште од сега резултатите од програмата се забележителни, па Џасмин најверојатно ќе го оствари својот сон и ќе стане машински инжинер, пренесе It.com.mk.

Џасмин

Џасмин заедно со 20 други девојки преку летото го посетуваше кампусот на Facebook каде изучи програмирање, присуствуваше на работилници и беше дел од посети во најголемите технички компании. Покрај учењето, во Менло Парк и помогнаа и да се здобие со поголема самодоверба. „Мислев дека не сум доволно паметна. И дека нема да можам да го направам ова… Сега навистина велам, можам да го направам ова“, вели Џасмин за USA Today.

Girls Who Code е распространета насекаде во САД, а од 20 девојки и мала училница во 2012 порасна на 380 и 16 компании. Програмата е креирана од наставници, инженери и претприемачи за да се заинтересираат девојките за програмирање. На крај на седум неделната програма девојките креираат проект и го пичуваат пред инжинерите. Основачот Решма Саујани се надева на 1 милион девојки до 2020 година.

Girls Who Code има за цел да го зголеми присуството на девојките во техничките компании, во САД половината од работната сила се жени, но во техничките компании се само 25 отсто. Бројката за Афро-американки е помала и изнесува 3 отсто, а најлош е бројот на Шпанките кои се присутни во техничките компании само 2 отсто. Дел од девојките кои учествуваа на Girls Who Code курсевите веќе имаат значајни проекти. Кора Фредерик има само 19 години, а веќе работи на машина која ќе го намали бројот на лажни позитивни резултати при детектирањето на ракот на дојка, Минг Хорн основа стартап кој им помага на сирачињата во Камбоџа да научат да програмираат. Благодерение на курсот Girls Who Code, дури 99 отсто од девојките се заинтересирани да го продолжат своето образование на техничките факултети, а 95 отсто се заинтересирани да изучуваат компјутерски науки во повисокото образование.

Извор: It.com.mk.