Охајо го отфрли потегот на Републиканците да ја отежни промената на уставот – потег што се смета за пораз на групите кои се против правото на абортус.
Законодавниот дом контролиран од републиканците се надеваше да ја подигне границата за уставни амандмани до 60% наместо да остане на просто мнозинство. Тоа во голема мера се сметаше за потег за попречување на планираниот референдум со кој правото на абортус требаше да се стави во уставот.
Претседателот Џо Бајден го поздрави потегот и го нарече победа на демократијата и на жените.
„Потегот на републиканците беше очигледен обид да ослабне гласот на гласачите и дополнително да се намали слободата на жените да носат одлуки за сопственото здравје“, изјави Бајден.
Кога Врховниот суд лани го укина националното право на абортус на жените, во Охајо стапи на сила забрана на жените да ја извршуваат процедурата по шест недели од бременоста, иако во моментов тоа е ставено во мирување по правен основ.
Групите на про-изборот во Охајо планираат да ги искористат изборите во ноември за да го поништат ова со што ќе го добијат правото на абортус вградено во уставот на среднозападната држава.
По пребројување на повеќето гласови за амандманот познат како Прашање 1 – американските медиуми вчера вечер предвидоа дека мнозинството на гласачите во Охајо се изјаснило со „Не“ за подигање на прагот на уставни измени над 50%, вклучувајќи ги и гласачите во поголемите градови како Кливеленд и Колумбус, додека 43% од гласачите гласале „За“ потегот.
Лице од кампањата зад гласањето „Не“ – „Едно лице, еден глас“ за „Политико“ изјави дека амандманот наречен Прашање 1 е „измамливо грабање моќ дизајнирано за да го замолчи гласот на гласачите“.
Повеќе од 600.000 поднесоа предвремени ливчиња за ова прашање што е историски висок одѕив на изборите во Август.
Ако абортусот стане нелегален во Охајо, последиците ќе ги почувствуваат милиони луѓе и од соседните земји, вклучувајќи ги Индијана, Кентаки и Западна Вирџинија каде веќе е прекинат пристапот до абортус.