Главната вечер на музичкиот фестивал оваа година е најавена за 7 декември, а организаторите „Password production“ посочуваат дека првиот потврден изведувач е хрватскиот бенд „LET 3“, кој пошироката публика го знае како претставник на минатогодишната „Евровизија“.
„Овој алтернативен рок бенд е познат по своите провокативни текстови и секогаш екстравагантен сценски настап кој ќе го претстават годинава во Скопје“, велат од „Password“ за „LET 3“.
Оваа година „Таксират“ слави јубилеј од 25 години постоење, па организаторите истакнуваат дека главната вечер е збир на „Таксират резиденти“ – имиња потпишани зад најмасовните концерти,
„артистите кои дефинираа жанрови, но и станаа белег на Таксират или уште поважно, екипата која во моменти и ни помогна да опстоиме“.
За главната вечер се најавени 3 различни сцени и 10 изведувачи, за кои од „Password“ велат дека дека се збир на новата генерација, актуелниот бунтовен звук, светската алтернативна и транскултурна електронска сцена.
1000 билети по роденденска цена (700 денари) се пуштени во продажба.