54-годишната фармацевтка, Суад Абдерахим, од туниската исламистичка партија Енада, беше избрана за градоначалничка на главниот град Тунис, со што станува прва жена на таа позиција во историјата на земјата.
Таа ја доби довербата во вториот круг гласање во градскиот совет победувајќи го нејзиниот главен конкурент Камел Идир, од партијата Нида Тунес, основана од претседателот на Тунис.
Аберахим, која е поранешна пратеничка и активистка за женски права, не носи марама. Таа беше единствената жена која стана градоначалник од неколкуте кандидатки од Енада партијата кои се натпреваруваа за првите места во неколку општини во регионот околу Тунис.
Во 2016 година Енада објави дека ја разделува политиката од религијата, дистанцирајќи се од идеологијата на политичкиот ислам, која е дрва. Таа исто така изјавила дека кандидатките, номинирани од нејзината партија, испраќаат смирувачка порака за жените од Тунис дека напредокот на жените во северноафриканската држава нема да биде загрозен од нејзината партија.
Тунис е една од најнапредните арапски држави кога се во прашање правата на жените откако ја добија независноста од Франција во 1956 година, каде од осамостојувањето во уставот се наведени принципите на еднаквост меѓу мажите и жените.