Организацијата Х.Е.Р.А. се вклучи во глобалната иницијатива за подигнување за свеста против родовото насилство и насилството врз жените. Тоа се случува на Меѓународниот ден на жената, паралелно кога се случува и Состанокот на комисијата за статусот на жените во ОН.
Станува збор за онлајн кампања со над 70 партнери од целиот свет. На секоја земја или организација-учесник и е доделен временски дел од еден час, кога луѓето од таа земја или организација ќе твитаат за локалните состојби по ова прашање и ќе развиваат дискусија во својата заедница. За Македонија тоа ќе биде временскиот период од 15 до 16 часот.
Сите кои сакаат да се вклучат, тоа можат да го направат во овој час, со хаштаг #endVAW на кој може да се додадете и #Macedonia. Повеќе информации на овој блог-пост.