Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје доби нова лабораторија во која ќе се може да се изолира ДНК, да се испитуваат протеини, но и присуство на ГМО во храната, пренесе МИА.
Според професорот на Факултетот за земјоделски науки и храна Зоран Поповски, новата лабораторија дава можност да се анализира секаков биолошки материјал од прехранбениот сектор.
„Во лабораторијата ќе можеме да изолираме ДНК од смоки и чипс и од најделикатни такви материјали, да провериме состав на генетски модифицирани организми во рамки на таа храна. Идејата ни е да развиеме технологии за производство на рекомбинантни протеини каде што на таков начин денеска се произведуваат вакцините и некој нутритивни протеини“, истакна Поповски за време на отварањето.
Лабораторијата е донцијата на Холандската академија за наука поточно од нејзиниот центар за биодиверзитет.
„Се надевам дека лабораторијата ќе им биде од помош на студентитите кои го изучуваат ова поле на работа, да не учат само теорија туку да имаат и пракса. Ова е почеток за соработка на две научни институции“, изјави амбасадорката на Холандија во Република Македонија, Мериет Шурман.