„Гниење на мозoкот“ е Збор на годината 2024 според речникот на „Оксфорд“

Гниење на мозокот (Brain rot) е Збор на годината 2024 според издавачот на Оксфордскиот англиски речник, „Оxford University Press“.

Зборот, како што се додава во објаснувањето е избран поради загриженоста од бескрајното „скролање“ на социјалните мрежи и содржината што го отапува умот.

Повеќе од 37.000 луѓе гласале да се избере победникот од листата од шест зборови кои ги предложи „Оxford University Press“.

Зборовите на „Оксфорд“ имаат за цел да го рефлектираат расположението и трендовите на годината. Претходно беа избрани зборовите „rizz“ и „климатски итни случаи“ (climate emergency).

„Brain rot“ или гниење на мозокот се дефинира како „наводно влошување на менталната или интелектуална состојба на една личност, особено како резултат на прекумерната консумација на интернет содржини, кои се сметаат за тривијални или непредизвикувачки.“.

Издавачот на Оксфордскиот англиски речник изјави дека терминот „добил нова важност во 2024 година како термин кој се користи за да се долови загриженоста од консумирањето прекумерни количини на интернет содржина со низок квалитет, особено преку социјалните мрежи“.

И покрај неодамнешното внимание, првата употреба на овој терин е забележана во 1854 година во книгата „Валден“ на Херни Дејвид Торо.

Збор на годината според речникот на „Оксфорд“ е „rizz“