По гушкањето на Градскиот трговски центар во Скопје минатата недела, серијата настани „Го сакам ГТЦ“ продолжува и овој петок. Како што информираа од Асоцијацијата на архитекти на Македонија, петочниот настан се сели во паркот „Жена борец“, кој што се надоврзува на ГТЦ.
Притоа, од 10 до 20 часот продолжува потпишувањето на петицијата на западниот влез на ГТЦ, а по 20 часот пунктот за потпишување ќе биде преселен во паркот „Жена борец“. Таму ќе бидат поставени и 3 кутии во кои ќе може да оставите се остават пораки, препораки и идеи за ГТЦ кои ќе бидат пратени до управата, пораки до архитектите на новата фасада, како и одговор на прашањето: Зошто го сакам ГТЦ?
Само минатиот петок, на петицијата со која се бара Градскиот трговски центар да биде заштитен како културно наследство и при реставрацијата да се зачува неговата автентичност, се потпишаа над 4.000 граѓани.
Организаторите и овој петок очекуваат голема посетеност на настанот.