На 21 јуни (четврток) на плоштадот „Мајка Тереза“ (платото пред МНТ, МОБ и Музичко) од 18 часот е најавен „Go Skateboarding Day“ – настан каде скејтерите се забавуваат, подигнувајќи свест за проблемите со кои се соочуваат.
„Да му покажеме на светот што во суштина е скејтбордингот. Да ја повратиме нашата култура со тоа што ќе го потврдиме скејтбордингот како бунтовнички креативен излив на слободарското живеење“, вели во најавата за настанот.
На настанот ќе се организира натпревар (demo session) во две категории – „до 15“, и „од 16 години“ .
„Go Skateboarding Day е поддржан од Drop In Skopje, 0.10error of harmony, Popcorn Skate Co., error kolektiv и XMKD.com.