Годишна графичка изложба на ДЛУМ

Во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија на 28 јануари (вторник) во галерискиот простор при Домот на Армијата ќе се отвори изложбата „ДЛУМ Графика“. За време на изложбата Уметничкиот Совет на ДЛУМ ќе ја додели и наградата за најуспешно дело.

ДЛУМ

Во изминативе триесетина години,  преку годишната графичката изложба, ДЛУМ го следи графичкиот ликовен развој во Македонија. Иако графиката се смета за исклучително стар ликовен медиум, ДЛУМ во 1971 година ја направи првата графичка изложба кога за најдобра графика беше награден ликовниот уметник Томислав Крмов.

Од тогаш па се до денес, преку традиционалните техники на високиот и длабокиот печат, денес веќе и се почестата уптотреба на дигиталното печатење, својот авторски придонес го втиснале голем број на ликовни уметници кои ја прават ваквата манифестација значајна на ликовната култура во Македонија.

Ова е 31-ва графичка изложба на ДЛУМ, а нејзиното отворање е закажано во 20 часот.