Со почеток од 12 часот, денеска, 16 јуни, се отвора годишната завршна изложба на студентите од Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на која ќе биде претставена селекција од најдобрите дела на студентите од сите катедри, изработени во текот на академската 2020/2021 година.
Завршната изложба ќе се отвори на две локации во склоп на факултетот, односно, денеска од 12 часот изложбата ќе биде отворена во ателјеата на Катедрата по сликарство, вајарство и ликовна педагогија, како и модулот сценографија на ул. Дрезденска б.б, додека утре од 12 часот ќе биде отворена изложбата и во Сули ан во Старата чаршија.
Влезот на изложбата е бесплатен, велат организаторите, а истовремено додаваат дека при посета на ателјата дека е потребно да се почитуваат безбедносните мерки за заштита од коронавирусот.