Пораката на Phumzile Mlambo-Ngcuka, извршен директор на „UN Women“ за Меѓународниот ден на жената:
Во 1995 година, на четвртата светска конференција за жените во Пекинг, светските лидери се обврзаа дека ќе работат на тоа жените во иднина да бидат родово еднакви. 189 земји и 4 000 граѓански здруженија присуствуваа на конференцијата .
Жените си заминаа од Пекинг со голема надеж, со добро дефиниран пат кон еднаквоста и цврсти заложби на највиско ниво. Нивната надеж беше дека ќе се случи тоа до 2005 година.
До денес ниедна земја ја нема постигнато оваа еднаквост, туку позастапена е од било кога.
Постигнат е одреден напредок во последните години, иако тој е бавен и нерамен. Државите го намалија родовиот јаз во образованието, некои дури постигнаа и родова еднаквост при уписите во училиштата.
Го намалија бројот на жртвите од мајчина смртност и морбидитет. Многу повеќе жени ја преживуваат бременоста и породувањето отколку во 1995 година. Многу земји имаат создадено институции кои ја адресираат родовата нееднаквост. Многу од нив донесоа закон за дискриминација врз основа на полот. Многу од нив го усвоија семејното насилство како кривично дело. Сето ова се добри вести, а сепак се уште сме далеку од постигнување на еднаквост помеѓу мажите и жените, момчињата и девојчињата.
Имплементацијата на добрата политика е трнлива. Распределбата на средствата потребни за ефикасно спроведување не се доволни за финансирање на жените министерки, комисиите за родова еднаквост, родово фокусните точки и родово одговорното буџетирање.
За многу жени особено во слабо развиените земји, не се сменило многу. Во Африка, 70% од растителното производство зависи од жените, а тие се земјопоседнички на само 2 % од земјиштето.
Насилството врз жените продолжува да ги уништува животите во сите земји низ светот. И ниту една земја сеуште нема постигната полова еднаквост. Жените треба да се променат и општеството треба да се промени. Тоа треба да го направиме сите заедно: жени и девојчиња, мажи и момчиња, млади и стари, богати и сиромашни.
Постојат бројни докази од придобивките кои еднаквоста може да ги донесе. Се развиваат економиите, се ублажува сиромаштијата, здравствената состојба е на повисоко ниво, заедницата е постабилна и поотпорна на животната средина и на хуманитарни кризи.
Жените сакаат нивните лидери да ги обноват ветувањата дадени за нив. Тие сакаат лидерите да се придржуваат кон Пекингшката Декларација и Платформата за Акција, како и да се забрза и охрабри имплементацијата.
Тие сакаат поголем број од нивните лидери да бидат жени, и сакаат жените и мажите лидери заедно да се осмелуваат да ги променат економските и политичките парадигми. Родовата еднаквост мора да биде постигната пред 2030 година, така што ќе се избегне тешката траекторија на напредокот што го осудува секое дете да чека 80 години за да ја види родовата еднаквост во светот.
Денес, на Меѓународниот ден на жената, ги повикуваме сите земји да се засилат за родовата еднаквост, со значителен напредок до 2020 година. Нашата цел е да се постигне „Планета 50:50“ пред 2030 година. Светот има потреба од родова еднаквост, со цел човештвото да напредува. Јакнење на жените, јакнење на човештвото. Јас сум сигурна дека вие можете да ја замислите еднаквоста во светот.