Платформата за собирање пари GoFundMe нема да дозволува кампањи за собирање пари на нео-нацистите од Шарлотсвил, особено не оние кои го поддржуваат Џејмс Филдс, осомничениот за напад со автомобил во кој почина една жена.
Во понеделникот, Џејмс Филдс – осомничен за убиството на Хедер Хејер и физичка повреда на 20-тина луѓе откако удри со својот автомобил во толпа контра-протестанти кои демонстрираа против нацистите и белите националисти во Шарлотсвил, Вирџинија, му рекол на судијата дека нема пари за адвокат.
Over $100k has been raised for Natalie Romero, who sustained critical injuries at the rally in #Charlottesville. https://t.co/zOfkFsqrNV
— GoFundMe (@gofundme) August 14, 2017
Allie rushed to help those hurt in #Charlottesville when the driver suddenly reversed right into her. https://t.co/R4LJJnAlVR
— GoFundMe (@gofundme) August 14, 2017
Оттогаш, поддржувачите на Филдс се обидуваат да започнат повеќе кампањи на GoFundMe за да ја подобрат неговата финансиска состојба. Филдс наводно добива плата од 1300 долари како обезбедувач, но компанијата ги отстранува сите кампањи создадени за поддршка на Филдс.
„Отстранивме повеќе кампањи за Џејмс Филдс и ќе продолжиме да го правиме тоа, доколку се создадени нови кампањи“, вели директорот за стратешки комуникации на GoFundMe, Боби Витхор. „Овие кампањи секако не собираа пари, и веднаш ги тргнавме. Не толерираме промоција на омраза или нетолерантност кон било кој човечки вид. Ако кампања ги нарушува правилата за користење на GoFundMe, ќе ја тргнеме од платформата“.
Додека Филдс ги брише кампањите кои го поддржуваат Филдс, ги промовира кампањите за жртвите повредени откако Филдс наводно свесно ги удирал со својот автомобил.