Вкупно 30 проекти и идеи, меѓу кои и македонските „Гола планина колектив“, ВБУ музичкиот регистар и „МиксФлоу“ се избрани во вториот циклус на „ХЕМИ Инкубаторот 2023“, програма на Центарот на европската мрежа за размена на музички иновации – „ХЕМИ“.
По проверката на сите пристигнати апликации, комисијата за евалуација, составена од членови на одборот на експерти на „ХЕМИ“ и членови на жирито, ги избра најперспективните идеи и проекти што ќе се развиваат заедно со реномирани ментори и експерти од индустријата. Односно 20-те акцелерирани и 10-те инкубатирани ќе имаат пристап до менторски и тренерски сесии еден на еден од врвни професионалци од европската музичка индустрија, како и онлајн и офлајн работилници за да го продлабочат своето знаење и понатаму да ги развијат своите претприемачки вештини.
Меѓу 20-те акцелерирани е колективот „Гола планина“, во случајов претставен од Леон Шумански. На сајтот на ХЕМИ пишува дека се работи за проект започнат во 2021 година со визија да ја обедини сцената на новиот бран и да им обезбеди на младите музичари можности за размена на знаења и меѓусебна поддршка.
„Нашиот иновативен пристап кон музичкиот колектив досега не е виден во Северна Македонија, или на друго место. Ние веруваме дека образованието и споделувањето знаење се клучни за успехот во музичката индустрија и го изградивме нашиот колектив околу овој принцип. Обезбедувајќи им пристап на нашите членови до индустриските алатки и ресурси, ние ги поттикнуваме да создаваат, произведуваат и дистрибуираат своја музика според нивните услови. Исто така, создадовме заедница каде уметниците можат да учат еден од друг и да растат заедно, поттикнувајќи средина за поддршка и соработка“, се вели меѓу другото за „Гола планина“.
За МиксФлоу (MixFlow), презентиран од Мартин Данчев, пишува дека е проект што има за цел да го реши заедничкиот проблем со кој соочуваат музичките продуценти и инженерите за синхронизација/миксање – наоѓање/изградба на совршен темплејт, применлив во реални ситуации низ жанрови и проекти, без да биде ограничен со еден вид звук.
„Решението е темплејтот ‘MixFlow’. Темплејтот работи на кој било музички жанр, има спремни алатки за миксање и доверлив систем за рутирање за да постигне уникатни висококвалитетни резултати и му овозможува на секој корисник поединечно да постигне целосно автентична продукција“, стои за проектот.
Во 10-те инкубатирани проекти е вклучен ВБУ Консалтинг со ВБУ музичкиот регистар (www.muzichkiregistar.com). Претставник е Васил Буралиев, кој потенцира дека се работи за неофицијален регистар за македонски музички изданија, како IMDB, ама за музички објави. Односно, можат да се најдат податоци за албуми, изведувачи, бендови, настани поврзани со музика и мултимедијални содржини.
„Издавачите, уметниците и музичките бендови имаат свои профили, па дури и веб-сајтови на една страница, кои ќе бидат основна локација на интернет за промовирање на работата на уметникот. Научниците можат да ја користат дигиталната архива како извор на информации за нивното истражување. Менаџерите на бендови и менаџерите на настани го користат како уште еден медиум за промовирање и објавување настани (свирки, концерти, фестивали). Државен завод за статистика да ги користат податоците за националната музичка продукција во нивните анализи и извештаи. Љубителите на музиката ги наоѓаат најновите музички изданија и ги гледаат и слушаат нивните омилени изведувачи и бендови“, стои во инфото за регистарот.
Инаку, од „ПИН музичката конференција“ веќе објавија дека „ХЕМИ Инкубатор“ е програма наменета за музички претприемачи и компании од 9 земји во Централна и Југоисточна Европа: Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Македонија, Полска, Романија, Србија и Словенија. Toj обезбедува систем на хибридни и растечки шеми за обука со цел да се донесат мерливи резултати за музичките професионалци и веќе воспоставените компании (претприемачи / мали и средни претпријатија / стартапи во музичкиот сектор).
Сега следува вториот дел, 6-месечната програма за инкубација, која трае од април до октомври 2023 година, се однесува на музичките претприемачи и деловни професионалци кои сакаат да ги развијат своите постоечки производи/услуги и да ги прошират своите проекти.
На крајот од програмата, 3 иновативни идеи со најголем потенцијал за развој и 3 проекти/компании со најголем потенцијал да влијаат врз иднината на музичката индустрија ќе добијат грант за поддршка од „ХЕМИ“ за да им помогнат да ги развијат своите проекти и да ја прошират својата мрежа и познанства.
Пошироката цел на иницијативата „ХЕМИ“ е да создаде повеќе можности за регионалната музичката индустрија ја поддржуваат повеќе организации и фестивали од таргетираните 9 држави на Балканот, меѓу кои е и македонската „Пасворд Продакшн“ (Password Production). Преку вклучување на своите фестивали, најистакнато „ПИН Конференција“, во вакво партнерство можностите на кои се изложени македонските музички изведувачи и професионалци несомнено е променето. Најмногу оваа промена е препознатлива кај музичарите кои во повеќе наврати се финалисти на „ХЕМИ Музичките Награди“ (HEMI Music Awards) преку што ја споделуваат македонската музика на поширок пазар.
Бојан Шашевски