Уметникот инсталирал огромен среден прст во реката кој директно е насочен кон прашкиот замок каде што моментално живее чешкиот претседател Милош Земан, и тоа само четири дена пред предвремените избори во земјата.
Случајни минувачи што поминуваат крај реката Влтава во Прага можат да ја забележат скулптурата во форма на огромен виолетов среден прст на чешкиот уметник Давид Черни поставена вчера. Ова е јасна и гласна порака на Дејвид Черни до чешкиот претседател Милош Земан, објави CBS News.
„Да, тоа е мој придонес кон предвремените избори, Не се срамам за тоа“, изјави уметникот за медиумите. Според него, гестот е познат и важно е кон што е насочен.
Претседателот Земан, кој се наоѓа во посета на Украина засега не го коментираше уметничкото дело.
Скулпторот Черни досега неколку пати на сличен начин со свои уметнички дела го покажуваше својот став кон актуелната политичка ситуација во земјата.