„Алибаба“ и сопственикот на „ТикТок“ – „БајтДенс“ и „Тенсент“ за прв пат споделија детали за нивните алгоритми со кинеските интернет регулатори, пренесува „Би-Би-Си“.
Алгоритмите одлучуваат што гледаат интернет корисниците и редоследот на содржината која ја гледаат, па се критично важни за растот на друштвените мрежи и се внимателно чувани од технолошките компании. Сајбер администрацијата на Кина (САК), објави листа со описи на 30 алгоритми. Помеѓу споделените алгоритми се наоѓа и оној на веб-сајтот за интернет продажба „Таобао“, во сопственост на „Алибаба“.
Во САД, „Мета“ и „Алфабет“ успешно стојат на ставот дека алгоритмите се трговски тајни откако беа повикани на поголема деталност. Според САК, алгоритмот на „Таобао“ предложува производи или услуги на корисниците преку дигиталниот отпечаток и дотогашните пребарувања.
Алгоритмот на „БајтДенс“ за кинеската верзија на ТикТок го поттикнувала користењето од стана на корисниците, според нивните претходни коментари и „лајкови“. Според Кендра Шафер, шеф на за истражување на технолошките политики во „Тривиум Кина“, изјавила дека појавените податоци се на „површно ниво“.
„Не изгледа дека алгоритмите навистина биле споделени“, изјавила таа.
Жаи Веи, извршниот директор во центарот за истражување при Универзитетот за политички науки и правда, верува дека доставените податоци „биле подетални од она што е објавено“.
„Алгоритмите содржат бизнис тајни, што е невозможно да бидат јавно достапни“, нагласил тој.
Кина има најголема корисничка интернет база во светот и огромен пазар за електронска трговија, видео-игри и паметни телефони. Пекинг е заштитнички настроен кон технологијата зад овие компании, и не го дозволува проширувањето, а истовремено е загрижен и за тоа како овие платформи можат да влијаат врз јавното мислење во Кина, па сака да има поголем надзор над технологијата и податоците, властите сакаат да го фокусираат вниманието на луѓето кон содржината која властите сметаат дека е добра за јавна конзумација.
Пекинг ги условува провајдерите да ги подесуваат алгоритмите така што тие ќе се фокусираат на активно споделување позитивна енергија и ќе ги оттргнуваат интернет корисниците од прекумерно трошење и поп култура.
Интернационалните брендови како „Гугл“ и „Фејсбук“ се под притисок да ги споделат ваквите информации поради загриженост за злоупотреба на податоците и курирање на содржината, но тие се спротивставуваат, велејќи дека алгоритмите се бизнис тајни.