Големите компании во САД ќе даваат финансиска поддршка за вработените што сакаат да направат абортус

Повеќето од американските големи компании ќе започнат да обезбедуваат финансиска поддршка за вработените што сакаат да абортираат во земјите од петокот абортусот е нелегален. Поддршката се однесува на трошоци потребни за напуштање на државата и исполнување на правото на абортус во друга, јавува „Гардијан“.

Ро против Вејд: Врховниот суд во САД го поништи правото за абортус

Со потенцијална бројка од милион жени што наскоро ќе бидат спремни да ја преминат границата со цел да го извршат абортусот, многу работодавачи одлучија да додадат „Критична здравствена заштита“ како дополнителен пакет на услуги на пакетите за бенефиции што ги уживаат вработените.

Голем број банки и технолошки фирми најавија дека ќе ги покриваат трошоците за патување за вработените што сакаат да направат абортус во друга држава каде тоа е легална постапка. Кон нив се приклучија „Банката на Америка“, „Мајкрософт“, „Епл“, „Мета“, „Дизни“, „Конде Нeст“, „Варнер Брос Дискавери“ и „Нетфликс“.

Иако овие гигантски фирми се обидуваат да ја ублажат одлуката на Врховниот суд ја поништи одлуката „Ро против Вејд“, мерките за зголемување на финансискиот пакет услуги за вработените можеби нема да стапат во сила во државите каде се плаќа низок данок или таму каде што се донесоа ограничувања за забрана за пристапот за абортус.

Исто така, многу од големите компании останаа неми по ова прашање вклучувајќи го „Мекдоналндс“, „Пепси“, „Кока – Кола“, „Џенерал моторс“ и „Валмарт“ во Арканзас што е најголемиот работодавач во САД со десетици продавници во државите каде се забрани абортусот.

Според институтот Гутмахер, забраните и ограничувањата за абортус нема да ја намалат несаканата бременост или побарувачката за абортус. Напротив, тие само ќе создадат пречки за добивање нега, ќе им предизвикаат стрес на луѓето што имаат потреба од процесот и може да доведат до предизвикување на присилна бременост и сите несакани последици од тоа.

„Доказите покажуваат несразмерно и нееднакво влијание што ограничувањата го имаат врз луѓето што веќе се маргинализирани и угнетени, односно луѓето со темна или различна боја на кожа, тие со ниски примања, младите луѓе, ЛГБТИ+ заедницата, миграните и луѓето со попречености“, изјави претседателката на институтот, д-р Херминија Паласио.

Како што пренесува „Гардијан“ како одговор, регионалните влади и општински организации започнаа напори за да им помогнат на сите кои имаат потреба. Градоначалникот на Балтимор веќе објави дека градот ќе обезбеди 300.000 долари во грантови за организациите што нудат абортус.