Иницијативата „ГоСакамГТЦ“ во четврток во 20:00 часот организира голем завршен настан пред референдумот за зачувување на автентичниот изглед на ГТЦ со, како што велат, многу музика, насмевки и прегратки.
Локацијата на настанот е пред влезот во ГТЦ од страна на плоштадот каде ќе се организира и „гушкање“ на трговскиот центар.
Ќе настапуваат: Флека (Тони Зен + Бенд), ТНЦ за ГТЦ (Златко Ориѓански + песни од „Солун град на духови“), Ана Костовска и Симон Киселички, Бени и Нон Стоп и Самакутра бенд.
Иницијативата излезе со официјално промо-видео за референдумот за Градскиот Трговски Центар, кој ќе се одржи на 26 април. Видеото е насловено „Што правиш ти за слобода?“