Leisure Land Golf, кенцептуална изложба на Даг Фишбоун која прв пат била претставена на Биеналето во Венеција во 2015, ќе биде отворена во Нотингем од месец април.
Ова креативно дело е комбинација од терени за мини голф на кои посетителите можат да играат, и уметност која ги критикува најголемите глобални проблеми на денешницата.
Фишбоун поканил десет уметници да придонесат кон проектот, и за неговите потреби ги истражувал потемните страни на индустријата на забава и релаксација.
„Отсекогаш сум сметал дека мини голфот може да биде одлична форма за уметност, бидејќи е тродимензионален и интерактивен. Но, вообичаено терените се многу конзервативни, има воденица или делфин, ништо што е уметнички предизвикувачко“, вели уметникот.
„Ова е еден начин да се прикаже политичка уметност на начин кој не е пресериозен“, додава.
Неговата скулптура е модел на потонатиот брод Коста Конкордија, симбол на капитализмот, работничките права и, како што вели, „лошиот менаџмент и слепоста за екологијата“.
Друга скулптура од Џон Акомфра бара од посетителите да го наместат лицето над фигура која клечи и носи качулка, а е инспирирана од смртта на Афро-американци убиени од полицијата во САД.
Скулптурата на Јинка Шонибаре, номиниран за Тарнер наградата, е облак-печурка од фудбалски топки прекриени со африкански текстил, со која потенцира како може да се судрат фудбалот и економијата.
Во изложбата има и скулптури од Хајтан Пател, Ејал и Инес Вајсман, и други познати скулптори.
Извор: Guardian