Голи велосипедисти возеа низ Филаделфија за поголема безбедност и позитивен пристап кон телото

Околу 3.000 велосипедисти учествуваа на годинешното голо возење низ Филаделфија (Philly Naked Bike Ride). Целта на манифестацијата е да промовира позитивен пристап кон човековото тело.

Велосипедистите се соблекоа и возеа низ улиците во Филаделфија. Дел од нив беа сосема голи, додека други возеа облечени само во долна облека или прекриени со боја по телото.

Голото возење се организира за да се промовира позитивна слика за телото, но и како порака за безбедноста на велосипедистите во сообраќајот и протест поради зависноста од фосилните горива.

Фото: Lori M. Nichols | NJ Advance Media for NJ.com