Google ја купи апликацијата за визуелен превод Word Lens

Google ја купи популарната iOS и Android апликација Word Lens и планира да ја употреби нејзината технологија за „визуелен превод“ за да го подобри сервисот Google Translate. По преземањето, компанијата Quest Visual, која го разви Word Lens, соопшти дека ја нуди комплетната апликација достапна бесплатно, но само извесно време.

Софтверот ја користи камерата на смартфонот за да препознае и преведува знаци и цели текстови во реално време, на јазик по избор на корисникот. Технологијата е многу ефективна, а апликацијата ја користат милиони луѓе кои патуваат низ светот. Преводот е засега достапен помеѓу англиски, шпански, германски, француски, италијански, португалски и руски јазик.

Досега, полната апликација беше достапна само за корисниците кои беа подготвени да ја купат апликацијата. Компанијата не соопшти колку точно време Word Lens ќе биде бесплатен, па корисниците на Android и iOS би требало да побрзаат и да ја симнат оваа корисна апликација.

 Извор