Отсега корисниците на Google Maps ќе можат да бараат насоки дури и кога не се приклучени на интернет.
Софтверот дозволува да се најдат локации и на бизнис објекти, нивното работно време и телефонски броеви без корисниците да бидат онлајн.
Компанијата соопшти дека туристите кои посетуваат места надвор од нивните планови и луѓето кои живеат во земји со пазарен развој, каде ваквите податоци се скапи, се оние кои најмногу ќе имаат корист.
Меѓутоа, познавачите на оперативниот систем Андроид сметаат дека корисниците ќе имаат проблеми со просторот на телефонот, со оглед на тоа дека паметните телефони со Андроид имаат ограничување од четири гигабајти. На пример, податоците за поголемиот дел на Лондон можат да зафатат простор и до 380 мегабајти.
За да се користи новата алатка, корисниците можат да ја симнат областа што претходно ја селектирале. Откако информацијата ќе се инсталира, апликацијата е дизајнирана да може да се поврзи со интернет, освен ако е принудена да функционира без интернет. Мапата автоматски се ажурира на секои 15 дена.
Сепак, овој метод има ограничувања. Оцените што луѓето ги даваат за рестораните или фотографиите што ги споделуваат за одредени места не се прикажуваат. Сопствениците нема да можат да вклучат „satellite view“ на мапата и додека апликацијата дава насоки за возење, не ги прикажува рутите за пешачење и јавен превоз.