Google Maps отсега може да се користи и на македонски јазик

Пред 14 години, мапите на Гугл беа достапни само на англиски јазик. Денес, оваа апликација ја користат повеќе од милијарда луѓе за откривање на нови места, патишта, локации…

Компанијата соопшти дека апликацијата ќе ја направи покорисна додавајќи 39 нови јазици, за кои проценува дека се зборувани од вкупно 1,25 милијарда луѓе низ светот.

Така што, отсега македонските корисници ќе можат да откриваат локации на својот мајчин јазик.

Покрај македонскиот јазик, Гугл ги воведува и следните јазици: африкански, амхарски, азербејџански, албански, босански, бурмански, хрватски, чешки, дански, естонски, филипински, фински, грузиски, еврејски, исландски, казашки, кмерски, киргистански, лао, латвиски, литвански, малезиски, монголски, норвешки, персиски, романски, српски, словачки, словенечки, свахилски, шведски, турски, украински, узбекистански, виетнамски и зулу.