Google потсетува на 216 годишнината од првиот скок со падобран

Google на интересен начин одбелжува уште едно уникатно достигнување од минатото . Преку сликата на пребарувачот денеска се дава признание на франзуцинот Андре – Жак Гарнерен кој точно пред 216 години го направи првиот падобрански скок со балон во светот .

Google потсетува на 216 годишнината од првиот скок со падобран

 

Неговото уникатно искуство го следеле бројни посетители , кога тој се осмелува да скокне од височина, која достигнува 400 метри над паркот Монс .

Приземјувањето и покрај проблемите со балонот е успешно, па тој засекогаш влегува во историјата како човекот кој успева да го направи овој подвиг за првпат.

Гарнерен продолжува да експериментира и создава падобрани до крајот на својот живот , а во ова најголема поддршка добива од својот брат , Жан- Баптист .

Гарнерен е роден во Париз и загинува за време на една несреќа додека обидува да изгради нов балон во август 1823 година.