Автоматското пополнување на фразите кои ги пребаруваме во Google (autocomplete) честопати знае да ги открие апсурдните уверувања кои владеат кај луѓето. Предрасудите вклучуваат давање колективни карактеристики на цели групи луѓе, па и цели народи. Еве што мислат голем број од американските корисници на интернет за некои светски нации:
Дали Кинезите се бели, невоспитани, паметни или Азијци?
Швеѓаните се високи, имаат коцкести глави, но се и среќни и исончани
Израелци – дали се бели, расисти, прекрасни или опседнати со Тони Сопрано?
Зошто Канаѓаните се плашат од темница, зошто се толку арогантни и здодевни, но и фини?
Британците се груби, лути и злобни кон Американците, но нивниот акцент е привлечен
Дали Французите се бањаат? Дали сакаат Мексиканци? Носат ли беретки?
Италијанците се гласни, злобни и мрачни, меѓу другото
Турците се активни на Фејсбук, изгледаат бели, мразат Ерменци и имаат големи носови
Јадат ли луѓето од Тајланд кучиња и мачки?
Иранците го мразат Исламот?, но и Америка и Израел
Русите се лоши возачи, настрана од тоа што се луди и не сакаат хомосексуалци