Доцна синоќа Google објави дека формира нова матична компанија наречена Alphabet, а која ќе ја водат двајцата основачи Larry Page и Sergey Brin.
Новата компанија, ќе го замени Google Inc. ќе донесе поедноставна структурата на групата која се занимава со различни бизниси и поголема транспарентност, Според Larry Page, на овој начин ќе се овозможи компаниите во Alphabet да бидат независни и да развиваат сопствени брендови“, објавија светските медиуми.
Сепак Google ќе остане најголема компанија во Alphabet.
„Нашата компанија сега работи добро, но мислиме дека може да ја направиме почиста и поодговорна“, напиша Page во синоќешното соопштениеwrote насловено „G is for Google“.
„Затоа напрвивме нова компанија, наречена Alphabet. Јас сум навистина возбуден бидејќи ќе ја водам Alphabet како извршен директор, со помош на мојот способен партнер, Sergey, како претседател“, додаде тој.
Well, that was an interesting way to end a Monday…
— Chris Andrikanich (@alphabet) August 10, 2015