Во Дебар Маало ќе биде подигнат споменик на македонскиот драмски писател Горан Стефановски, соопштија од Општина Центар.
Одлуката ја донесе Советот на Општина Центар по иницијатива на Македонската академија на науките и уметностите. Спомен обележјето ќе биде поставено на триаголниот парк во Дебар Маало, спроти ресторанот „Идадија“.
Стефановски е автор на легендарните и популарни драми „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-Фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“ и на најславната ТВ-серија во историјата на македонската продукција „Бушава азбука“, со која генерации деца научија да пишуваат и читаат.