Здружението Гоу Грин по трет пат објавува повик за млади од општините Аеродром, Кисела Вода, Чаир, Куманово, Гостивар и Прилеп да ги поднесат своите идеи и потреби за зелени општини.
„Заедно со младите еко-активисти сакаме заедно да придонесуваме во младинската инфраструктура во општините, и да придонесеме за нивна едукација кон одржливи навики, кои директно ќе влијаат врз околината“, велат од „Гоу грин“.
Повикот е наменет за млади на возраст до 15 до 29 години. Тие своите предлози може да ги поднесат со пополнување на овој формулар.
Од Здружението велат дека процесот започнува со собирање на идеите и барањата, селектирање на истите според надлежностите на општината и на крај нивно доставување до градоначалниците.
„Младите не се се вклучени доволно во донесување на одлуки во општините, а во поголемиот дел од нив не се оформени ни локалните младински совети, па така преку овој процес ги пренесуваме гласот и потребите на младите во нивната општина. Потребите на младите секоја година се менуваат, затоа континуирано треба да ги прашуваме и дискутираме што е тоа што тие сакаат да го видат како зелена промена во нивната општина“, забележуваат од „Гоу Грин“.