Говорот со кој Дилан ја прими Нобеловата награда ќе биде објавен како книга

Говорот со кој Боб Дилан ја прими својата Нобелова награда за литература е претворен во скапа, ексклузивна книга.

Музичарот беше прогласен за добитник на престижната награда за литература минатата година, но не се појави на официјалната церемонија за доделување во декември поради „претходно договорени обврски“. На крај, ја прими наградата лично на приватен настан во Стокхолм во април.

Сега, издавачката куќа Simon & Schuster најавија дека ќе го објават неговиот говор, долг 32 страници. Делото ќе биде достапно како стандарна книга со тврда корица и како посебно потпишан и нумериран том.

Лимитирана на само 100 копии, специјалната едиција ќе чини 2.500 долари.

Како што пишува на веб страницата на издавачот, The Nobel Lecture (Нобеловското предавање) се состои од забелешки на Дилан за неговата инспирација, како Бади Холи и Лидбели, како и литературата која го формирала неговото пишување, како „Одисеја“, „Моби Дик“, и „Сè е тивко на западниот брег“.