Град Скопје апелира да не се палат огнови на отворено по повод божиќните празници

Град Скопје денеска излезе со апел до граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено по повод прославата на божиќните празници, со цел, како што велат, да се избегнат групирања на лица поради пандемијата со коронавирусот, но и за да се заштити животната средина и амбиенталниот воздух, објавија тие на нивната Фејсбук страница.

„Ги потсетуваме граѓаните за Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за забрана за собирања во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или каде било на отворен простор во текот на целиот ден“, стои во нивната објава.

Во соопштението, тие потенцираат дека во изминативе четири години градот Скопје интензивно се бори против огновите на отворено и додаваат, дека ја спроведува кампањата за пријавување на оган на отворено, со единствена цел, за како што велат, да се заштити воздухот од загадување и да се зачува здравјето на граѓаните.

Истовремено, ги потсетија граѓаните дека сите огнови на отворено, можат да ги пријават на телефонскиот број 193.

АПЕЛ – ДА НЕ СЕ ПАЛАТ ОГНОВИ НА ОТВОРЕНО ВО СКОПЈЕ

Град Скопје апелира до граѓаните да се воздржат од палење огнови на…

Posted by Град Скопје on Tuesday, January 5, 2021