Градот Скопје за денеска најави чистење на спомениците кои беа обоени од демонстрантите на Шарената револуција. Како што соопштија од Градот, ќе се чистат спомениците во паркот „Жена борец” и на плоштадот !Македонија”, што се во надлежност на Градот.
Од Музејот на македонската борба преку соопштение најавија дека претпладнево ќе се чисти фасадата на Порта Македонија. „По неколкунеделното вандализирање на објектот констатирани се сериозни оштетувања на фасадата кои ќе се обидат да ги санираат стручни служби“, се наведува во соопштението.