Град Скопје во соработка со Сојузот на спортови на Скопје ги додели годишните награди за најдобри спортисти.
Градоначалничката Данела Арсовска на денешната свеченост му ја врачи наградата за најдобар спортист на Град Скопје, Бобан Илиоски од Кик Бокс клуб „Шампион“, кој е светски шампион во Кик-бокс во дисциплината лоу кик во категорија до 86 килограми.
На манифестацијата беа прогласени најуспешните 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени), најуспешни 10 спортисти во младинска категорија (мажи и жени), најуспешен тренер, најуспешна спортска екипа од Скопје и најуспешните во категоријата на лица со инвалидност.
За најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени) прогласени се:
Бобан Илиоски – Кик Бокс клуб Шампион;
Мери Акиевска – Фитнес и аеробик клуб МАГНУС;
Игор Стефановски – Иџе – АКК Стефановски;
Дејан Георгиевски – Таеквондо клуб Бутел;
Ахмад Магомедов – Боречки клуб Студеничани;
Дарио Ивановски – Маратон клуб Корранерс;
Лина Ѓорчевска – Тениски клуб ЈУГ;
Андреас Трајковски – Атлетски клуб Работнички;
Петар Заборски – Карате клуб Макпетрол;
Петар Спасеновски – Карате клуб Макпетрол.
Во меѓувреме, за најуспешни 10 спортисти во младинска категорија (мажи и жени) прогласени се:
Силвио Мировски – Кик бокс клуб Гладијатор;
Витомир Трајковски – Карате клуб Макпетрол;
Калин Ивановски – Тениски клуб Југ;
Стефан Стојановиќ – Карате клуб Макпетрол;
Бесир Алили – Боречки клуб Лирија;
Ива Богдановска – Џудо клуб Миоки;
Георгина Блажеска – Џудо клуб Миоки,
Јована Мицовска – Карате клуб Макпетрол;
Иван Галевски – Ракометен клуб Алкалоид;
Никола Ѓуретановиќ – Пливачки клуб Вардар 2018;
За најуспешна спортска екипа од Скопје е прогласена „Специјална Олимпијада“, за најуспешен тренер Дејан Митровски од Кик бокс клуб Шампион и Фитнес и аеробик клуб МАГНУС, и за најуспешен спортист во категоријата на лица со инвалидност е прогласен Андреј Стојановски.