Со 32 гласа, Советот на Град Скопје го прифати предлогот 2020 година да биде прогласена за година на Славко Јаневски, во чест на 100-годишнината од раѓањето на истакнатиот македонски писател.
Од Град Скопје соопштија и дека планираат повеќе други активности кои ќе бидат во чест на Јаневски.
![](https://www.radiomof.mk/wp-content/uploads/2020/01/Sednica-na-Sovet-29.01.2020.jpg)
Седница на советот
„Тргнувајќи од творештвото и од книжевната моќ на делување на скопјанецот Јаневски, во негова чест Градот планира да именува улица и еден од библиотечните клонови при Градската библиотека; изложба за животот и делото на Славко Јаневски во Музеј на град Скопје; распишување на конкурс за уметници коишто ќе творат во негова чест; поддршка во реиздавањето на неговите дела,
изработка на мурал на еден од скопските ѕидови“ и многу други активности“, информираа од Град Скопје.
Славко Јаневски е еден од втемелувачите на современата македонска книжевност по Втората светска војна и на стандарден македонски јазик ја напиша првата македонска повест „Улица“, првиот македонски роман „Село зад седумте јасени“, а
со „Две Марии“, и со многубројните преостанати дела го стави своето родно Скопје на светската книжевна мапа.