Град Скопје објави јавен повик за стипендирање на спортисти – средношколци за развој и унапредување на младинскиот и средноучилишниот спорт за ученици кои се жители на Скопје и учат во средните училишта на подрачјето на град Скопје.
Според правилникот за доделување на стипендии, право имаат сите кои се
- Државјани на Република Северна Македонија;
- Жител/ка на Скопје чие место на живеење е на подрачјето на град Скопје (се однесува на десетте скопски општини Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари);
- Редовен или вонреден ученик/ученичка во средно училиште на подрачјето на град Скопје;
- Активен спортист/ка, член на спортски клуб регистриран на подрачјето на град Скопје и регистриран во матичната националнита спортска федерација на Република Северна Македонија;
- Високи спортски постигнувања во екипни и индивидуални спортови во претходната 2021 година, и постигнувања во 2022 година сé до завршување на
„Стипендиите се доделуваат со цел да се зголеми мотивираноста кај младите спортисти – средношколци да спортуваат, да продолжат и да останат понатаму во спортот, како и зголемување на опфатот на што повеќе ученици да се занимаваат со спорт и спортски активности“, велат од Град Скопје.
Крајниот рок за аплицирање на повикот е 17.06.2022 година, а повеќе и подетални информации може да се најдат тука.